Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека е оптимист дека Европската унија порано или подоцна ќе постигне консензус за ембаргото на руската нафтам, јави ДПА.
-Никој не може да предвиди дали тоа навистина ќе биде така, но сè што слушам звучи дека би можел да се постигне консензус и порано или подоцна него ќе го има, рече Шолц додека пристигнуваше на самитот на ЕУ во Брисел.
ДПА пренесува дека Шолц не прецизираше кога тоа би можело да се случи.
Шолц оцени дека претходното единство што Европа го покажа по рускиот напад на Украина испраќа добар знак и посочи дека е убеден дека тоа ќе го прави и во иднина.
Што се однесува до поделбите во ЕУ околу санкциите за руската нафта, на кои Унгарија се противи, Шолц вели дека разговорите се водат со желба да се постигне договор.