(ВИДЕО) Костовски: „Криминални парцели“ во Делчевско, парцели на Водно, така функционира криминалната ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Криминална афера со препродажба на парцели вредни на 1,6 милиони евра ја тресе ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. Шест лица меѓу кои партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ и лице од обезбедувањето на Мицкоски се осомничени за малверзации каде парцели земјиште се препродадени и до 50 пати повисока цена на ЕВН Електрани“, рече Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Голем дел од овие осомничени лица се донатори на ВМРО-ДПМНЕ и на кампањата на Данела Арсовска. Помеѓу донаторите е и лицето Орце Тодоровски, близок до Мицкоски и бизис партнер од хидроцентралите.

Оттука, Мицкоски како прв човек на ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори каде завршиле 1,6 милиони евра? Дали на овој начин се финансира неговата ВМРО-ДПМНЕ?

Не е првпат шеф на ВМРО-ДПМНЕ да биде вмешан во купување и препродавање парцели земјиште. Никола Груевски е осуден на седум години казна затвор за случајот „Плацови на Водно“.

Во овој предмет се докажа дека Груевски со 1,3 милиони евра, пари од партиската каса купил атрактивно земјиште од илјадници квадратни метри на Водно. Јавноста памети дека токму шефот на обезбедувањето на Груевски, Дејан Митрески – Урко бил тој кој ги лоцирал парцелите на Водно, а тоа беше објавено и во материјалите од „Вистината за Македонија“.

Дали Мицкоски се инспирирал од овој случај, па ја искористил истата шема со човек од обезбедувањето да ги прикрие трагите за испумпување пари од ЕВН Електрани?

На овие прашања одговор треба да даде Мицкоски, а одговори секако ќе даде и отворената истрага од надлежните институции“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните