Француската министерка за надворешни работи Катрин Колона подоцна денеска ќе отпатува во Киев каде ќе има среедба со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да ја изрази солидарноста на Франција со Украина и да понуди поголема поддршка за земјата, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
Патувањето на Колона во Украина доаѓа во време на критики од некои дипломати и политички аналитичари дека Франција не прави доволно за да ја поддржи Украина во нејзината борба со Русија.
Лидерите на Европската унија, исто така, ќе се состанат денеска за да ја повторат поддршката за Украина, во момент кога руските сили ги интензивираа нападите за да го заземат Сиевиеродонецк, клучен град во југоисточниот регион Донбас.
Извор: МИА