Самит на ЕУ посветен на Украина и последиците од руската агресија

Од:

Лидерите на земјите-членки на ЕУ денеска и утре ќе се соберат во Брисел на специјален самит посветен на Украина и последиците за Русија од руската агресија врз таа земја. Преку видео врска на почетокот на самитот на лидерите на ЕУ ќе им се обрати украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Руската агресија врз Украина ја загрози безбедноста на храната, предизвика големо зголемување на цените на енергијата и целосно ја разоткри сегашната политика на потпирање на евтината руска енергија, нафта и гас.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на синоќешниот состанокот во Брисел не успеаја да постигнат консензус за воведување на шестиот пакет санкции против Руската Федерација.

Европската унија досега воведе пет пакети санкции против Русија од почетокот на инвазијата на Украина, но таа е заглавена на шестиот пакет, кој предвидува ембарго на руската нафта.

Главна пречка е Унгарија, која бара ослободување од забраната за увоз на руска нафта или голема финансиска компензација за нејзината согласност за шестиот пакет санкции. Унгарија на тој начин го наруши европското единство, што се смета за еден од основните предуслови за успешно спротивставување на агресивната политика на рускиот претседател Владимир Путин.

Една од идеите што се разгледуваат е да се одвои увозот на нафта што доаѓа во Европа преку нафтоводот Дружба и нафтата што се испорачува со бродови, со што ќе се овозможи можност за земјите кои немаат излез на море уште некое време да снабдуваат нафта преку нафтоводот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина