Шпанија тврди дека не и верува на Велика Британија за Гибралтар

Од:

Генералниот директор во шпанското Министерство за надворешни работи, Игнацио Ибанез изјави денеска дека Шпанија не и верува на Велика Британија, затоа што е „тешко да се има доверба во Британците, кога станува збор за сегашниот спор за Гибралтар“.

Според Ибанез, расправијата нема да се прекине се додека „новиот вештачки брег не биде отстранет од водите на Гибралтар“.

Најновата шпанско-британска криза околу оваа малечка британска прекуморска територија настана откако гибралтарските власти почнаа да градат вештачки брег на влезот во тесниот залив, за да се запрат упадите на шпанските рибари во водите на Гибралтар.

Шпанските власти веднаш потоа почнаа со блокирање на единствениот граничен премин кон Шпанија, предизвикувајќи долги колони и чекање со часови за влез, или за излез во Гибралтар. Ваквата шпанска мерка предизвика гнев не само кај Гибралтарците, туку и кај Шпанците кои секој ден доаѓаат на работа во британската територија.

Кога официјален Мадрид се закани со воведување на посебна такса од 50 евра при секое влегување или излегување од Гибралтар, британската Влада најави пријава и тужба против Шпанија во ЕУ, што би било случај без преседан.

Изјавата на Ибанез е реакција на британската закана, но овој висок шпански дипломатски функционер демантира дека „деталните проверки“ на шпанските гранични власти, како што официјално се оправдува она што сега се случува на границата, е контра мерка за изградбата на вештачкиот брег.

Ибанез тврди дека деталната проверка е резултат на „неконтролираниот шверц“ од и кон Гибралтар, за што тој ги обвинува властите во територијата.

Во Лондон не им се верува на ваквите шпански објаснувања, затоа што секогаш кога од некоја своја причина Мадрид ќе започне расправија околу Гибралтар, се посегнува по „засилена контрола на границата“ и притоа се користи повеќепати повтореното објаснување за „засилен шверц преку границата“.

Претставник на Даунинг стрит 10 изјави дека однесувањето на шпанските власти е „диспропоционално и политички мотивирано“.

Во британскиот главен град се верува дека распалената караница за Гибралтар е последица на длабоката внатрешна криза во која се наоѓа Шпанија.

 

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата