Победа за Ѓорческа, порази за Јотовски и Дургути

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа ги почна мечевите на фјучрс турнирот во Брчко, Босна и Херцеговина. Таа во 1.коло во поединечна конкуренција ја совлада Владица Бабиќ од Црна Гора со 6:2 и 6:3 во сетови. Во следното коло противничка и е 21.годишната хрватска тенисерка, Антонела Шушак, која преку квалификациите стигна на главниот турнир.

На турнирот во Чаковец, Томислав Јотовски и Бесир Дургути ги загубија мечевите од 2.коло од носителите. Јотовски загуби со 2:1 во сетови (2:6; 6:2 и 7:5) од третиот носител Томислав Бркиќ од БиХ, додека Дургути е поразен со 2:0 во сетови (7:5 и 6:1) од вториот носител Хрватот Марин Брадариќ.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ