Сите 18 членови од екипажот на индиската подморница ИНС Синдхуракшак загинаа, изјави денеска командантот на индиската морнарица Д.К. Џоши.
Несреќата се случи утрово во пристаништето во Мумбај, кога по експлозијата се запали и потона подморница со 18 морнари.
Подморницата е од типот Синдхуракшак и произведена пред 16 години во Русија. Подморницата неодамна била во руската фабрика „Звјоздочка“ каде и биле извршени ремонт и била надградена.
Од „Звјоздочка“ соопштија дека подморницата била целосно исправна кога во јануари била вратена во Индија.