Новинската мрежа Ал Џезира објави дека ќе поднесе тужба до Меѓународниот кривичен суд во Хаг за убиството на нејзината новинарка Ширин Абу Аклех за време на израелска рација на окупираниот Западен Брег. Мрежата со седиште во Катар и палестинските власти ги обвинија израелските војници за намерно убиство на Абу Аклех на 11 мај во градот Џенин, а Израел ги отфрли обвинувањата како „очигледна лага“.
Израелските власти наведуваат дека новинарката била убиена за време на вооружен конфликт меѓу израелските војници и палестинските екстремисти и дека само со балистичка анализа на куршумот, кој го поседува палестинската управа, може да се утврди кој го испукал смртоносниот истрел. Ал Џезира синоќа соопшти дека формирала меѓународен правен тим за подготовка на документација која треба да ја достави до судот.
Меѓународниот кривичен суд во Хаг минатата година започна истрага за потенцијални израелски воени злосторства на палестинските територии.