Денеска, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 25-годишниот Н.Н. од Скопје. Тој бил баран по потерница за доиздржување затворска казна и поради бегство од казнено-поправна установа, извести МВР.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за доиздржување на казната.
