Прегазениот пешак во Ѓорче Петров е 65-годишен жител на Грчец

Од:

58-годишник од Сарај е возачот на аудото кое вчера вечер прегази и усмрти пешак во близина на општинската зграда во Ѓорче Петров информираче Министерството за внатрешни работи. Жртвата е жител на Грчец на 65 години.

– На 25.05.2022 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Никола Пушкаров“ во Скопје, патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(58) од с.Сарај, удрило во пешакот С.Р.(65) од с.Грчец, општина Сарај се вели во информацјата од МВР.

На местото на несреќата починал пешакот С.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров

А1он

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски

Три млади момчиња загинаа во сообраќајка во Република Српска

А1он

Момче (19) загина во сообраќајка во Хрватска, двајцата сопатници се неповредени

А1он