Украина засекогаш го загуби пристапот до Азовското море тврди заменик премиерот на Крим

Од:

Украина засекогаш го изгуби пристапот до Азовското Море, бидејќи, регионите Запорожје и Херсон никогаш нема да се вратат под контрола на Киев изјави денеска високиот функционер на управата на запорожје, Владимир Рогов за РИА Новости.

„Азовското Море е засекогаш изгубено за Украина. Пристаништата во регионите Запорожје и Херсон никогаш веќе нема да бидат украински. Сигурен сум дека по обединувањето на нашите региони со Русија, Азовското Море повторно ќе биде исклучиво внатрешното море на Руската Федерација“, рече тој.

За време на специјалната операција, руската армија ја презеде контролата врз регионот Херсон и Азовскиот дел на областа Запорожје на југот на Украина, јавува агенцијата РИА Новости.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина