Во албанскиoт град Фиер, група млади вчера протестираa против однесувањето на членови на неонацистичката грчка партија „Златна зора“, кои пред два дена, во албанското приморско гратче Химара извикувале антиалбански пароли.
Учесниците на протестот облекле две кучиња со грчко знаме и истите ги држеле врзани со синџир, јави дописникот на МИА од Тирана.
Полицијата привела десет лица, подради незаконско организирање протест. Златнозорците во Химара беа на тригодишниот помен на Аристотел Гума, чија смрт се уште е мистерија, за кого Грците сметаат дека младиот Аристотел е убиен врз етничка основа.
На гробот во месноста Гума, Кристофорос Тсанкас изјавил дека „Златна зора“ нема да ја напуштри Химара се до нејзиното ослободување.