А.К.Антони: Има жртви во потонатата подморница

Од:

Индискиот министер за одбрана А.К. Антони денеска изјави дека има загинати во несреќата што се случи во пристаништето во Мумбај, кога утрово по експлозијата се запали и потона подморница со 18 морнари.


– Тажен сум поради морнарите кои гуи изгубија животите служејќи им на својата земја, изјави Антони, не наведувајќи колку луѓе загинале.


Индиските медиуми јавија дека подморницата е од типот „Синдхуракшак“ и е произведена пред 16 години во Русија. Подморницата неодамна била во руската фабрика „Звјоздочка“ каде и биле извршени ремонт и била надградена.


Од „Звјоздочка“ соопштија дека подморницата била целосно исправна кога во јануари била вратена во Индија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати