Гаврилита: Молдавија има историска можност да се приклучи кон ЕУ

Од:

Молдавија има „историска“ можност да се приклучи на Европска Унија, изјави денеска молдавската премиерка Наталија Гаврилита, додавајќи дека не треба само Украина да добие кандидатски статус.

– Го поддржуваме секој механизам што нè зближува, ја зајакнува нашата соработка, сè додека не го замени патот кон членството, истакна Гаврилита на панелот на Светскиот економски форум, што се одржува во Давос, Швајцарија.

Таа додаде дека Молдавија „цврсто верува дека членството во ЕУ е нешто што носи мир, стабилност и напредок“, и дека Кишињев сака да биде дел од „слободниот свет и европското семејство“.

Според Гаврилита „доделувањето кандидатски статус само на Украина би резултирало со создавање сива зона во Молдавија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски