Експлозија одекна во индиската воена подморница, која потоа предизвика и пожар. Инцидентот се случи во пристаниште на Мумбај, а во подморницата се блокирани 18 морнари, изјави портпаролот на воената флота на Индија, Нарендра Виспуте.
Виспуте истакна дека по хаваријата дизел-електричната подморица речиси целосно потонала.
Индиските медиуми јавија дека подморницата е од типот „Синдхуракшак“ и е произведена пред 16 години во Русија.
Подморницата неодамна била вратена од руска фабрика, каде и биле извршени ремонт и модернизирање.