Косовските производители на месо не може да ги извезуваат своите производи во Албанија. Причина за блокирањето на увозот на месо во Албанија од Косово бил начинот на мерење на температурата на месото при транспортот, јави МИА.
Претседателот на Здружението на месопроизводителите на Косово, Бурим Пирај, за порталот „Трибуна“ вели дека Албанија употребувала дигитален термометар за мерење на температурата на месото за време на транспортот.
-Тоа е и главната причина за воведената блокада, зашто Косово користи други механизми. Истиот механизам, за мерење на температурата на месото при транспорт, како и Косово го користат и повеќе земји во Европа – изјавил Пирај.