Најмалку 17 демонстранти убиени во најновите судири во Каиро

Од:

Најмалку 17 демонстранти се убиени, од кои некои очигледно биле застрелани при операцијата на египетската полиција, која утринава почна да ги отстранува двата кампа на приврзениците на соборениот претседател Мухамед Морси во Каиро, пренесуваат репортери на француските медиуми.

Убиени се и двајца припадници на силите за безбедност, соопшти Министерството за внатрешни работи, според кое демонстрантите отвориле оган врз полицијата.

Двајца полицајци загинаа и шестмина се ранети, пренесе ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на локалните телевизии и Министерството за здравство. Според министерството, „информациите на западните агенции за 15 убиени не одговара на вистината“.

Исламистите веќе соопштија дека има 30 жртви, додаде ИТАР-ТАСС.

Египатските сили за безбедност утринава го почнаа долго најавуваната операција на отстранување на два протестни кампа на приврзаниците на соборениот претседател Мухамед Морси.

Силите за безбедност фрлија солзавец на поголемиот од двата протестни кампа што се наоѓаат во Наср Сити, во источно Каиро.

Помалиот протестен камп пред Каирскиот универзитет е обиколен од оклопни транспортери, пренесуваат американските медиуми.

На снимките на панарапската телевизија „Ал Арабија“ се гледаат облаци чад од солзавецот, урнати шатори и запалени гуми во Наср Сити. Најмалку 250 лица загинаа во судирите во Египет од 3 јули кога Морси беше соборен од власта со инетрвенција на војската.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро