Словенија следен ривал за македонските кадети

Од:

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија по вчерашниот слободен ден на Европското првенство – Б дивизија што се игра во Сараево денеска за противник ја има селекцијата на Словенија.

Ова ќе биде прв натпревар за нашата селекција во рамките на четвртфиналната група. Во групата Е се уште и селекциите на Финска и на Англија. Нашите кадети само со две победи против Словенија и против Англија (утре) ќе имаат шанси за пласман на едно од првите две места во групата.

Почетокот на натпреварот е во 16 часот и 15 минути. Покрај овој натпревар од четвртфиналните групи се играат уште дуелите: Финска – Англија, Босна и Херцеговина – Грузија и Данска – Чешка.

Во Е групата Финска и Словенија имаат по една победа, а Македонија и Англија се без победа. Во групата Ф селекциите на Чешка и на домаќинот Босна и Херцеговина имаат по една победа, а Грузија и Данска се без триумф.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос