Голем пожар претпладнево зафати фабрика која се занимава со производство на топлинска изолација во близина на Бихаќ во Босна и Херцеговина.
Полицијата и противпожарните бригади се на терен и прават напори за гаснење на пожарот.
„Немаме никакви детали за причината за пожарот. Испративме полициски патроли на теренот каде што се пожарникарите и се обидуваат да го изгаснат пожарот за да не се прошири понатаму. Засега не се знае дали има повредени, а тоа ќе се знае откако пожарот ќе се локализира и ќе се спроведе истрага“, велат од полицијата.
Жителите на Турија, Вида, Изачиќ, Каменица, Викиќи, Бугар, Гата и Злопољац се предупредени да избегнуваат престој на отворено поради големото количество чад, како и да ги затвораат прозорците на семејните куќи и други објекти.