Британскиот турист во Грција има варичела, а не мајмунски сипаници

Од:

Британскиот турист во Грција кој се водеше како првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјата, има варичела, а не мајмунски сипаници, покажаа испитувањата направени во Лабораториите за микробиологија на Универзитетот во Солун и во атинската болница каде што е хоспитализиран мажот, јави дописничката на МИА од Атина.

Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) доцна синоќа соопшти дека „при лабораториските испитувања на примерокот од сомнителниот случај кај мажот хоспитализиран во болницата „Атикон“, не е откриен вирус на мајмунски сипаници (monkeypox), додека примерокот беше позитивен на два повторени теста за вирусот варичела (varicella – chickenpox)“.

Туристот во саботата вечерта беше хоспитализиран и се водеше како прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во Грција, а според грчките медиуми, 29-годишниот Британец, заедно со неговата пријателка биле на одмор на Кефалонија, каде што му се појавиле првите симптоми, меѓу кои и осип на кожата.

Од локалниот здравствен центар на островот, со авион итно бил пренесен во атинската болница „Атикон“, каде што беше изолиран и под надзор на лекарски тим, додека се чекаа резултатите од испитувањата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он