Украински диверзантско-извидувачки групи влегуваат на територијата на Белорусија, изјави денеска секретарот на Белорускиот совет за безбедност Александар Волфович.
– По должината на делниците на украинско-белоруската граница се поставува инженерска опрема, се минира. Диверзантско-извидувачките групи (на Украина) дејствуваат долж границата и навлегуваат на белоруска територија, рече Волфович во интервју за телевизијата Белорусија-1, пренесува ТАСС.
Според него, Украина распоредила околу 10.500 војници во правец на Ровно, 4.500 војници во правец на Чернихив и повеќе од 5.500 војници во правец на Киев.
Извор: МИА