Лабуристот Ентони Албанезе, кој се подготвува да стане австралиски премиер по победата на парламентарните избори, денеска вети дека ќе го подобри имиџот на својата земја, за која светот смета дека заостанува во борбата против климатските промени.
– Навистина сакам да ја променам земјата, рече Албанезе, кој утре треба да ја преземе функцијата и набрзо потоа да отпатува за Токио.
Тој во вторник во Токио ќе учествува на самитот „КВАД“ (САД, Јапонија, Индија, Австралија), каде одвоено ќе се сретне со своите индиски и кинески колеги Нарендра Моди и Фуми Кишид, како и со американскиот претседател Џо Бајден.
– Тоа ќе ни овозможи да му ставиме до знаење на светот дека владата е променета. Ќе има и одредени измени во политиката, особено кога станува збор за климатските промени и нашиот ангажман со светот за овие прашања, рече тој.
Албанезе се уште чека да дознае дали неговата Лабуристичка партија ќе има апсолутно мнозинство во австралискиот Парламент или ќе треба да најде сојузници за да управува со земјата.
Според делумните официјални резултати, лабуристите веќе можат да сметаат на 74 места во Претставничкиот дом, а мала предност имаат во 75-тата област.
Апсолутното мнозинство (76 места) во Претставничкиот дом од 151 пратеник се чини дека им е на дофат на раката, бидејќи исходот во десетина изборни единици се уште е неизвесен.
Либералната коалиција на премиерот во заминување Скот Морисон загуби многу места низ земјата и Морисон го призна поразот.
Извор: МИА