Нефи Усеини го нагости министерот Бектеши во дивоградбата и го прошета низ чаршија, додека чека пресуда за претепувањето на Топалоски

Од:

Охридскиот бизнисмен Нефи Усеини кој чека пресуда за тепањето на сограѓанинот Спиро Топалоски, како и одлука од обвинителството дали ќе го гонат за двете дивоградби, денеска го прошета министерот за економија Крешник Бектеши низ охридската чаршија. Откако Усеини го запозна како работат локалните трговци, министерот беше гостин и во дивоградбата на бизнисменот изградена на државно земјиште.

Во пицеријата лоцирана близу Чинарот во чаршијата, Усеини го пречека Бектеши и со ручек, на истата тераса за која „А1он“ пред скоро три години обзнани дека е изградена без одобрение на државно земјиште. Истата, се уште ниту една институција не ја отстрани. Министерот даде и седум минутна изјава за медиумите пред дивоградбата на Усеини, но не беше прашан ниту одговори кое е неговото мислење за незаконското постапување на бизнисменот.

Истовремено, додека Усеини го шета Бектеши низ охридските сокаци, не се појавува на сослушување во охридското Обвинителство. Оттаму за „А1он“ велат дека истрагата за изградбата на бетонската база завршува, но на почетокот на април, кога Усеини требало да отиде на распит, тој не се појавил.

„На закажано испитување на обвинетиот на 05.04.2022 година тој не се јавил во ОЈО Охрид. Конечна јавнообвинителска одлука ќе се донесе по завршување на истражната постапка“, велат од охридското Обвинителство.

Усеини е и претседател на локалниот огранок на ДУИ во Охрид. Тој остана не сменет од функцијата и покрај трите тепачки, двете дивоградби. Истовремено, ДУИ го кандидираа за советник, а тој доби нов мандат во Општина Охрид. За разлика од претходно кога со СДСМ беа коалициони партнери, сега Усеини е опозициски советник.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за Нефи Усеини за дивоградба во центарот на Охрид

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

A1on

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов