СДСМ: Обезбедуваме поголеми плати и пензии со ребалансот на Буџетот и заштеда на 200 милиони евра

Од:

„Со ребалансот на Буџетот Владата предводена од СДСМ обезбедува заштеда на 200 милиони евра непродуктивни трошоци, обезбедува средства за производство на храна за наредната година, поголеми плати и пензии, поддршка за граѓаните и компаниите и заштита на стандардот со нови мерки“, соопшти СДСМ.

„СДСМ и Владата којашто ја предводи со брзи и добро смислени мерки успешно менаџираат со последиците од најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна во Европа.

Го штитиме стандардот на граѓаните и компаниите, ги зголемуваме платите и пензиите, обезбедуваме ликвидност на буџетот, спроведуваме енергетска трансформација, и паралелно инвестираме во земјоделството и ги зголемуваме површините за да има доволно храна наредната година.

Благодарение на одговорни и вистински политики на СДСМ просечната плата се искачи над 500 евра и во време на криза, минималната плата се зголеми двојно, на 18.000 денари, платите во образованието рекордно се зголемија за 15%, постојано растат платите во сите сектори, а следува и историски раст на пензиите и нова методологија за постојан раст.

Разликата е очигледна, СДСМ се грижи за граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ опструира и блокира“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он