Каталонците може да побараат ревизија на договорот од Утрехт од 1713 година

Од:

Каталонците би можеле да побараат ревизија на мировниот договор од Утрехт, од 1713 година и покренување на нивниот случај, доколку би се случило Велика Британија да се откаже од Гибралтар и им го врати на Шпанците овој мал полуостров, сместен на крајниот југоисток од Пиринејскиот Полуостров, објави лондонскиот неделник „Економист“.

Неделникот пишува дека со договорот од Утрехт, Британците го добиле во трајна сопственост Гибралтар, додека Каталоците ја загубиле својата самостојност, станувајќи дел од Шпанија. Тоа значи дека доколку Гибралтар одново стане дел од територијата на Шпанија, како што три века бара официјален Мадрид, тогаш Каталонците би можеле да бараат ревизијата на договорот да се однесува и на нивниот случај.

Гибралтар е прекуморска територија на Велика Британија со договорот на неколку европски земји, со кои беше завршена 13-годишната војна за шпанскиот престол. Кога во 1700 година почина шпанскиот крал Карлос Втори не остави наследник, па веднаш почна битка за испразнетиот престол.

Во таа битка за тронот се вклучија и големите европски сили од тоа време, па веќе во 1704 Британците и Холанѓаните се заедно во оваа војна, што заврши по девет години, со мирот во Утрехт.

Велика Британија од кралот Филип Петти, внук на францускиот крал, кој победи во битката за престолот, на Британците им ги подарува Гибралтар и островот Минорка, додека другите земји исто така добиваат делови од територии што дотогаш ги имаше Шпанија.

Сто години, подоцна, во 1802 година, Британија се откажува од Менорка кој се враќа кон Шпанија, но не и од Гибралтар, издржувајќи во изминатите 300 години неколку блокади на малечкиот, но стратешки мошне значајниот полуостров.

Тој остана британски и по влегувањето на Велика Британија во ЕУ во 1973 и на Шпанија во 1985 година.

Во Гибралтар во 1967 и во 2002 година се организираа референдуми околу идниот статус на оваа територија, на кои безмалку 100 отсто од 40.000 Гибралтарци се изјаснија за неменување на статусот што го имаат во изминатите три века.

Во Каталонија се повеќе расте расположението за независност и за отцепување на шпанска провинција од матичната земја. На последните каталонски избори, победи партијата која заговара организирање референдум за независност.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата