На штипскиот универзитет„Гоце Делчев“ почна запишувањето за 2013/2014 година

Од:

На 13-те факултети на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска почна пријавувањето за упис во прва година во студиската 2013/2014 година. Првиот уписен рок ќе трае и утре и задутре.

Слободни места има за 5.083 идни студенти, од кои 2.961 за редовни во државна квота, 1.127 во квота за редовни со кофинансирање на студиите и 995 за вонредни студенти.

Проректорот за инвестиции Кирил Барбареев изјави дека денеска се запишале околу 1.200 во Штип, но и во остнатите наставни центри, каде што универзитетот има дисперзирани студии. Барбареев очекува да се запишат меѓу 3.000 до 4.000.

– Сметам дека идните студенти ќе ја препознаат иднината на некој од факултетите на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и ќе се запишат на некоја од 100-те студиски програми, рече Барбареев.

Вториот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“ е на 29-ти и 30 август, а третиот на 13 септември.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование