Пентагон: САД го уништија своето последно хемиско оружје

Од:

Соединетите Американски Држави ја уништија и последната ракета М55 што го содржи нервниот агенс VX како дел од владината програма за елиминирање на хемиското оружје, соопшти американското Министерство за одбрана.

– Среќни сме што достигнавме клучна фаза во целосното хемиско разоружување, рече Кингстон Рајф, заменик помошник државен секретар на САД за намалување на заканите и контрола на вооружувањето.

Пентагон истакнува дека ракетата ја содржела последната количина на хемиско оружје VX во САД и била уништена согласно Меѓународната конвенција за забрана на хемиско оружје.

Според Пентагон, САД уништиле вкупно околу 18.000 проектили М55 во периодот од јули 2021 до мај 2022 година.

Конвенцијата бара од сите земји-членки целосно да го елиминираат своето хемиско оружје. Русија, која е исто така страна на конвенцијата, најави целосна ликвидација на залихите на хемиско оружје во 2017 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ