Сојузниот уставен суд на Германија денеска соопшти дека ја одобрил задолжителната вакцинација на здравствените работници против Ковид-19, отфрлајќи ги приговорите на мерката и оценувајќи дека заштитата на ранливите лица во болниците и старечките домови се поважни од кршењето на правата на здравствените работници.
Ограничената мерка за задолжителна вакцинација стапи на сила во средината на март.
Уставниот суд претходно одби да ја стопира неговата примена до донесувањето конечна одлука.
Министерот за здравство Карл Лаутербах ја поздрави одлуката на Судот. Тој рече дека „државата има обврска да ги заштити ранливите групи“ и им се заблагодари на здравствените институции што воведоа задолжителна вакцинација, велејќи дека помогнале да се спречат повеќе смртни случаи од омикрон варијантата на коронавирусот.
Германскиот канцелар Олаф Шолц првично сакаше да ја прошири марката за задолжителна вакцинација на сите возрасни, но пратениците во Парламентот одбија да воедат таква обврска дури и за граѓаните над 60 години.
Речиси 76 отсто од населението во Германија е двапати вакцининирано против коронавирусот, а нешто помалку 60 отсто примиле и трета доза.
Извор: МИА