Дваесет и петта „Поетска ноќ во Велестово“ на 16. и 17. август

Од:

Дваесет и петтата „Поетска ноќ во Велестово“ свечено ќе биде отворена во петок во 21 часот, со концерт на ансамблот за староградска музика „Билјана“.

На првата вечер од поетската манифестација ќе биде претставена младата македонска поезија со учество на 14 поети – Ѓоко Здравески, Жарко Кујунџиски, Анета Василева, Славица Гаџова, Мане Манушев, Снежана Стојчевска, Ненад Јолдески, Марта Маркоска, Анета Попова, Душко Крстевски, Гаврило Миловановиќ, Винета Огненоска, Драгана Евтмова и Иван Антоновски.

poetiVelestovo1

На отворањето  ќе биде поставена изложба на сликарот Александар Станковски, насловена „Поетика и политика“.

Интернациналното поетско читање е во сабота, 17 август, а ќе учествуваат шест поети од пет држави – Одвиг Клив од Норвешка, Татјана Данилијанц од Русија, Жељко Миловиќ од Црна Гора, Поли Муканова и Роман Кисјов од  Бугарија и Игор Тиш од Словачка.

poetiVelestovo2

Дводневната поетска манифестација во охридско Велестово ќе заврши со промоција на стихозбирката „Со други очи“ од Одвиг Клив, во издание на „ПНВ Публикации“. Книгата ќе ја претстави Славица Гаџова.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска