Во деновите од викендот царинските службеници на граничните премини Богородица и Дојран спречија три обиди за криумчарење на вкупно 2.188 пара патики.
Од царинската Управа соопштија дека на Богородица во два одвоени случаи се запленети 1.308 пара патики со ознаки на заштитена трговска марка од кои во првиот случај мобилните царински тимови пронашле 828 пара патики во српски камион наменети за пазарот во Србија, а во вториот случај во македонски камион откриле 480 пара патики кои требало да стигнат на пазарот во Косово.
На граничниот премин Дојран во камион со српски регистарски ознаки беа запленети 880 пара патики наменети за увозник од Србија.