Американскиот претседател Барак Обама на шефот на националното разузнавање му нареди да формира експертска група за прашањата на искористување на телекомуникациските и други технологии при собирањето разузнавачки информации, пренесе ИТАР ТАСС.
Во документот, цитиран од агенцијата, се посочува дека експертите треба да се изјаснат дали САД ги користат своите технички можности за собирање на информациите, за „оптимално да ја штитат националната безбедност“, и при тоа на подобен начин да забележат и други политички фактори, меѓу кои се посочени ризиците од недозволено протекување на информации и неопходноста да се „зачува довербата на општеството“.
Минатата недела Обама соопшти серија мерки, чија цел, според него, е да ја засили транспарентноста при изведување на програмата за електронско следење, за чие постоење поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден ги информира медиумите.