Победата на Украина на Евровизија покажува „огромна поддршка од јавноста“ за земјата што е нападната од Русија, изјави денеска заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана.
„Вчера видовме огромна јавна поддршка низ Европа. Се разбира, песната беше фантастична, фантастична“, рече тој пред вториот ден од неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата во Берлин.
Тој рече и дека Русите „ја започнаа најбруталната и цинична војна од Втората светска војна“.