Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 15.05.2022 година (недела), поради одржување на спортско рекреативната трка „Прв до врв“ ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим. .

Велосипедската трка почнува во 09.45 часот, при што почетната точка е од пред Музеј на град Скопје – ул.„Св. Кирил и Методиј“, а продолжува со траса на движење по бул.„Св. Климент Охридски“, бул.„Мајка Тереза“, ул.„Тодор Александров“, локален пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски Крст“). Планинарите стартуваат во 10.00 часот, а трасата на движење почнува пред Основно училиште „Кочо Рацин“ на бул.„Мајка Тереза“, ул.„Тодор Александров“ и ул.„Салвадор Аљенде“, ридско пешачките патеки кон Средно Водно, од Средно Водно кон врв на Водно („Милениумски Крст“).

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања