Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска го повика рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу веднаш да се придвижи кон спроведување на прекинот на огнот во Украина, во нивниот прв разговор од пред почетокот на војната, соопшти Пентагон.
„Секретарот Остин побара итен прекин на огнот во Украина и ја нагласи важноста од одржување на линиите на комуникација“, се вели во соопштението на Пентагон.
Извор: МИА