Летонија го суспендираше договорот со Русија за заштита на спомениците

Од:

Летонија денеска усвои закон со кој се суспендира договорот со Русија за заштита на спомениците, повикувајќи се на законот кој потенцијално дозволува уривање на спомениците на советските војници во Рига.

„Променетите геополитички услови значат дека Летонија нема да биде обврзана да ги зачува спомениците на советската окупација“, се вели во соопштението, во кое се додава дека земјата „ќе продолжи да ги исполнува своите меѓународни обврски во врска со погребите и одржувањето на гробиштата“.

Договорот ќе биде суспендиран од 16 мај, објави Парламентот.

Летонските власти претходно изјавија дека усвојувањето на овој закон ќе ги елиминира „сите правни пречки за суспендирање на заштитата на советските споменици, што ќе го отвори патот за нивно демонтирање или преместување“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов