Приведени тројца разбојници, одземеното вратено кај сопственикот

Од:

Полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 22-годишниот А.М., 44-годишниот Д.Ќ. и малолетник, сите од Скопје, извести МВР.

Тие се сомничат дека во 11.25 часот извршиле разбојништво во Спомен куќата на Мајка Тереза на ул.„Македонија“, при што со закана со нож кон вработената, одзеле пари, велат од МВР.

Тројцата се приведени во полициска станица, кај нив се пронајдени одземените пари и вратени кај оштетената. За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он