Британската полиција досега изрече над 100 казни поради кршење на антиковид правилата во Даунинг Стрит

Од:

Британската полиција издаде повеќе од 50 нови казни за прекршување на антиковид правилата во Даунинг стрит и други владини згради. Овие казни се дополнување на повеќе од 50 изречени минатиот месец, вклучително и на премиерот Борис Џонсон, неговата сопруга Кери Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак, јави Би-Би-Си.

Британскиот премиер Борис Џонсон се извини минатиот месец кога му беше изречена казната за кршење на правилата на „локдаун“ кога во неговата канцеларија била организирана прослава за неговиот роденден, но одби да поднесе оставка поради тоа.

Најновите казни се однесуваат на божиќна забава во декември 2020 година, на која Џонсон не присуствувал.

Полицијата истражува 12 собири, од кои се знае дека Џонсон присуствувал на најмалку три.

Додека пристигнуваше на специјален состанок на кабинетот во Стафордшир, Џонсон беше прашан дали е „шокиран“ од размерите на кршење на законот во Даунинг стрит 10. – Ќе имаме многу да кажеме за тоа кога ќе заврши работата“ одговори тој.

Во соопштението, британската полиција најави дека истрагата продолжува. Се очекува да следат дополнителни казни, но не е даден временски рок.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година