Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија информира дека донела Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 % во однос на одлуката од 11.05.2022 година.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалуваат за 1,154 ден/кг и сега ќе изнесува 52,694 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-) не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,133 %, кај дизелот има намалување за 0,701%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,721% и кај мазутот има намалување за 0,533%, соопшти РКЕ.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,004%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, се наведува во соопштението на РКЕ.