Министерката Јанкулоска во посета на полициската станица во Дебар

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска имаше редовна работна средба со раководството на полициската станица во Дебар.

На средбата е разговарано за тековните состојби во поширокиот дебарски регион, за покарактеристичните прашања и проблеми со кои се соочува полицијата, посебно со проблемите кои граѓаните ги посочуваат како значајни за да бидат решени.

– Она што радува за дебарската полиција, во делот на полициското работење состојбите континуирано се подобруваат и споредено со минатата година кривичните дела бележат намалување за 4 отсто додека прекршоците од јавниот ред и мир за дури 20 отсто, рече Јанкулоска.

Според неа, по резлизацијата на оперативната обработка „Милка“ каде што беше спречена една поголема група која се занимаваше со недозволена трговија, криумчарење жив добиток, во делот на македонско-албанската граница кај Дебар, состојбата во тој дел е целосно стабилизирана и нема поголеми проблеми.

– Упатувам порака дека ние и понатаму ќе ги следиме состојбите и во оваа и во сите други области и секаде каде што има потреба и ригорозно ќе реагираме, сето тоа во интерес на граѓаните, нагласи таа.

Безбедносната состојба во Македонија вклучително и западниот, дебарскиот регион, министерката Јанкулоска ја оцени како стабилна.

– Безбедносните служби во континуитет ги следат состојбите и прават проценка дали, кога и како треба да реагираме. Граѓаните треба да бидат спокојни бидејќи состојбата е стабилна. Ќе продолжиме да ги следиме состојбите и доколу има потреба на најсоодветен можен начин во дадениот момент и ќе реагираме, изјави Јанкуловска.
Поради големото масовното приство на печалбарите во овој регион, според неа, МВР вложува дополнителни напори на овие лица да им се излезе во пресерт за задоволување на сите нивни потреби, посебно од аспет на издавање лични документи.

Би можело да ве интересира

Нападнат полицаец на Водно

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Крадец се обидел да убие тројца, пукал и кон полицијата, кривична за 29-годишник

Катерина Ѓуровски

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода