Соединетите Американски Држави испратија официјално барање до грчката влада да распореди борбени авиони Ф-35 и Ф-15 на Крит, објави турскиот Улусал Канал.
Според извештајот, Атина го добила барањето и подготвува одговор, а доколку се потврди, американска воена авијација ќе биде испратена во базата Соуда на брегот на Крит.
Како што е наведено, се очекува американските авиони да учествуваат во вежби во Медитеранот.
Во исто време, САД и Грција разговараат за зајакнување на одбранбените варијанти на подрачјето на островите Родос, Лезбос и Хиос, со помош на НАТО или американско оружје.
Извор: МИА