Бајден: Инфлацијата во САД е неприфатливо висока

Од:

Претседателот Џо Бајден синоќа се изјасни за индексот на потрошувачките цени и инфлацијата во САД, што беше дополнување на говорот што го имаше завчера за состојбата со економијата.

Во соопштението на Белата куќа се истакнува дека и покрај намалувањето на инфлацијата во април, факт е дека таа е неоправдано висока.

-Тоа е пробем за американските семејства низ целата земја, а нејзиното намалување е главен економски приоритет на претседателот Бајден, се вели во соопштението.

Планот на Бајден за борба со инфлацијата е насочен кон намалување на дефицитот на федералниот буџет, а исто така и намалување на секојдневните трошоци на Американците.

Неделава, администрацијата на Бајден објави партнерсто со приватните компании за да се намалат цените на широкопојасниот Интерент за десетици милиони Американци.

Бајден исто така истакна дека буџетската управа на Конгресот на САД соопшти дека дефицитот на федералниот буџет за првите пет месеци од оваа фискална година се намали за 1.5 трилиони долари. Покрај тоа, дефицитот на буџетот годинава е понизок од тој за периодот од 2019 година, пред почетокот на пандемијата Ковид-19.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски