Во 2021 година од предозирање со наркотици починале повеќе од 107.000 Американци

Од:

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести денеска соопшти дека во 2021 година од предозирање со наркотици починале над 107.000 Американци.

Тоа е рекордна бројка, што значи дека на секои пет минути умирало по едно лице од предозирање во САД. Во споредба со 2020 година тоа е пораст за 15 проценти.

Бројот на смртни случаи од предозирање во САД е во пораст повеќе од две децении. Растот почна во 90-тите години со предозирање со лекови против болки.

Минатата година, предозирање со фентанил и други синтетички дроги надмина 71.000 случаи, што е за 23 отсто повеќе од претходната година. Регистрирано е и зголемување на смртните случаи од предозирање со кокаин за 23 проценти и со метамфетамин и други стимуланси за 34 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија