Со порастот на благосостојбата во Албанија се повеќе ѓубре се фрла насекаде, дивите депонии се честа појава, а заштитниците на животната средина бараат од властите решавање на таквиот проблем, објави радио „Дојче веле“.
Смет и диви депонии има насекаде и во предградијата на Тирана, на Драч и на Скадар.
„Дојче веле“ како пример го наведува пристанишниот град Драч каде воопшто нема официјална депонија, па сметот од градот со над 200.000 жители завршува во полињата околу градот.
Лавдош Феруни е еден од ретките во Албанија кој се бори за зачувување на природата. Тој подолг период се жали поради дивите депонии, но речиси никој не обрнува внимание на неговите апели.
– Во последните 23 години ескалира потрошувачката во Албанија. Инфраструктурата не го следеше таквиот тренд, така што во Албанија се создава многу повеќе смет отколку што сме во состојба да го преработиме, посочи Феруни за „Дојче веле“.
Во цела држа постојат само све депонии со стандарди на Европската унија, една во Тирана и една во Бушат, во северниот дел на земјата.
Заменик-министерот за заштита на животната средина Таулант Бино тврди дека еколозите претеруваат со обвиненијата.