Берлин исклучува какви било промени на протоколот за Северна Ирска

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја предупреди Велика Британија да не прави какви било „еднострани“ промени во тешките трговски аранжмани по Брегзит во Северна Ирска.

– Никој не треба еднострано да го укине или раскине или на кој било начин да го менува аранжманот што го договоривме заедно, истакна Шолц на прес-конференцијата со белгискиот премиер Александар Де Кро во Берлин.

Додека Кро наведе дека „пораката е сосема јасна“.

– Не допирајте го ова, ова е нешто за што се договоривме, посочи Кро.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“