Град Скопје: Додека Шиповиќ позираше екипи на Градот ги санираа последиците од невремето

Од:

Град Скопје е изненаден од начинот на кој претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ се обиде да собере ситни политички поени пред граѓаните од општината, манипулирајќи со своето појавување по невремето, кое го зафати речиси целиот Град.

Претседателот на Советот на Оптината, согласно со надлежностите, не може да издаде налог ниту на општинската администрација, а за кординирање на активности на градските јавни претпријатија не може ни да стане збор.

Оттука, уште еднаш ја потсетуваме јавноста дека поради силното невреме екипи на Град Скопје, составени од ЈП „Паркови и зеленило“, ЈП „Комунална хигиена“, ЈП „Улици и патишта“ и Противпожарната бригада излегоа на терен и ги санираа последиците од него, секое претпријатие во рамките на своите надлежности.

Активностите се реализираа во координација со Центарот за управување со кризи.

Град Скопје уште еднаш потсетува дека при вакви временски непогоди најважно е навремено да се реагира, како што беше направено во саботата, кога екипи на Градот излегоа на терен и од улиците отстанија 40 паднати дрвја и расчистија многу искршени гранки на територијата на сите општини на градот. Покрај екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, и Противпожарната бригада, кои ги расчистуваа паднатите гранки и дрвја, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ ги расчистуваа од улиците големите наноси од смет, додека ЈП „Улици и патишта“ работеше на одржување на сообраќајната сигнализација на сите улици низ градот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош