Русија: Украинците очајнички се обидуваат да го заземат Змискиот остров, тела лежат на брегот

Од:

„Руските сили спречија неколку обиди на украинските војници да го вратат Змискиот остров во Црното Море во последните два дена“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Портпаролот на Министерството Игор Конашенков изјави дека Украина направила „неколку очајни обиди“ да изврши воздушни и поморски напади на островот.

Руското Министерство соопшти дека Русија соборила четири украински воени авиони, три Су-24 и еден Су-27, три хеликоптери Ми-8 со падобранци и еден хеликоптер Ми-24 и дека извршила напади врз поморски бродови.

„Телата на 24 загинати украински војници беа оставени на брегот на Змискиот остров“, напиша Конашенков на Телеграм.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски