Звонко Танески на книжевниот фестивал „Барски летопис“ во Црна Гора

Од:

Македонскиот поет, книжевен критичар, есеист, преведувач и универзитетски професор Звонко Танески на 18 август ќе биде македонски претставник на меѓународниот книжевен фестивал „Барски летопис“, кој се одржува во црногорскиот град Бар.

Манифестацијата се одржува од 15 јули до 23 август, во организација на Културниот центар на Бар. Авторската вечер на Танески в недела ќе се одржи на платото пред Дворецот на кралот Никола, со почеток во 21 часот. Модератор на програмата е поетот и есеист од Бар  Мирослав Јовановиќ-Тимотијев, задолжен за организацијата на книжевната вечер посветена на творештвото на Танески.

Звонко Танески (1980) е доктор по филолошки науки (Филозофски факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава), универзитетски професор (Факултет за странски јазици при Универзитетот ФОН во Скопје). Автор е на пет поетски збирки, на три научни монографии и на голем број лингвистички, литературни и културолошки студии. Објавуван е на англиски, италијански, словенечки, српски, хрватски, албански, бугарски, украински, есперанто и словачки јазик, а и самиот е автор  на повеќе книжевни преводи. Добитник е на повеќе книжевни и научни награди во Македонија и во странство.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска