ЕБРД: Економијата на Украина ќе се намали повеќе од очекуваното

Од:

Украинската економија ќе се намали за речиси една третина оваа година како резултат на руската инвазија, соопшти Европската банка за обнова и развој.

Производството во Украина ќе се намали за 30 отсто од прогнозата на ЕБРД од минус 20 отсто во март, веднаш по воената офанзива на Москва.

Европската банка за обнова и развој додаде дека економијата на Украина ќе закрепне за 25 отсто во 2023 година, што е повеќе од мартовските прогнози од 23 отсто.

Руската блокадаа сериозно го погоди клучниот земјоделски сектор во Украина, бидејќи земјата е главен извозник на пченица и сончогледово масло. Војната го прекина и снабдувањето со кабли од Украина, увезувани од европските производители на автомобили.

Банката додаде дека економијата на Русија погодена од санкции ќе се намали за 10 отсто оваа година и ќе забележи нула раст следната година – непроменети проценки од март.

Прогнозите беа објавени на отворањето на годишната конференција на ЕБРД во мароканскиот град Маракеш.

Организацијата, која постојано ја осудува руската инвазија на Украина, исто така најави дека ќе ги затвори своите канцеларии во Москва и Минск.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3