„Преекспонирано“ во рацете на агентот за продажба The Open Reel

Од:

Македонскиот филм „Преекспонирано“, работен по сценарио и режија на Елеонора Венинова и во продукција на ДНФ Филмс, ја објави соработката со италијанскиот агент за продажба The Open Reel, кој ќе го застапува филмот пред странските фестивали и дистрибутери. Првата дестинација за „Преекспонирано“ кој е во последната фаза на пост-продукција ќе биде маркетот во Кан, каде што филмот ќе биде прикажан на 23 мај на затворена проекција.

Според продуцентот на „Преекспонирано“, Гоце Кралевски, соработката со The Open Reel била воспоставена на работилницата Agora Work in progress на Филмскиот фестивал во Солун, Грција во октомври минатата година каде што Венинова и Кралевски го претставиле филмот пред потенцијалните партнери.

„На таа работилница имавме многу состаноци со потенцијални агенти за продажба, селектори на фестивали и дистрибутери, но The Open Reel ни оставија најголем впечаток со непосредниот однос, искрениот пристап и страста која ја имаа за нашиот филм. Навистина сме среќни што тие ќе не застапуваат, затоа што во услови на хиперпродукција на филмови од целиот свет, навистина е значајно да имате партнер којшто ќе го промовира филмот и ќе се бори за него. Со нетрпение ја чекаме следната фаза за „Преекспонирано“, а тоа е премиера на филмот и негова презентација пред публиката во Македонија и странство“.

The Open Reel е италијанска компанија за продажба на филмови која е фокусирана на артхаус филмови од млади режисери, а нивното портфолио содржи филмови кои имале премиери на големите фестивали, меѓу кои Беринале, Локарно и Торонто.

„Преекспонирано“ е во финална фаза на пост-продукција и се очекува да биде завршен до почетокот на летото. Филмот е приказна за брачна двојка чијашто летна идила е нарушена кога кај нив ќе дојде да престојува ќерката на нивни блиски пријатели. Филмот е снимен на локации во Скопје и Охрид, главен продуцент е Гоце Кралевски од ДНФ Филмс, а копродуцент е Мирјана Томиќ од Лилит Филмс од Србија. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм, Филмскиот центар на Србија и „СЕЕ Синема Нетворк“, а е поддржан и од европскиот фонд „Еуроимаж“.

Главните улоги ги толкуваат Камка Тоциновски, Благоја Веселинов и Сара Климоска.

Кинематографер е Лев Предан Коварски од Република Словенија, сценограф е Срѓан Митровиќ – Џиџи, монтажер е Гоце Кралевски, костимограф е Жаклина Крствка а маска Горан Игњатовски. Музиката е на Линдзи Рајт од Обединетото Кралство, а дизајнот на звук на Дарко Спасовски.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ