Левандовски е револтиран од понудата на Баерн

Од:

Роберт Левандовски има валиден договор со Баерн до летото следната година, но во неколку наврати се пишуваше дека со задоволство би го напуштил клубот, бидејќи сакал да го прифати предизвикот и да го облече дресот на Барселона.

Во Минхен се обидуваат да го обезбедат неговиот престој, но понудата што се обидуваат да ја направат наводно предизвика неочекувана реакција кај полскиот напаѓач.

Каталонски „Спорт“, пишува дека стрелецот на 49 гола на 45 натпревари оваа сезона за Баерн и вкупно 343 гола за клубот добил понуда, да го продолжи договорот на уште една година под исти услови што ги има во актуелниот договор.

„Двете точки од договорот не го задоволуваат Левандовски, чиј гнев кон клупската политика расте“, пишува „Спорт“.
„Во моментов тој е поубеден од кога било дека е дојдено време да се збогува со Бундеслигата и е подготвен да се впушти во последната авантура во елитниот фудбал. Тука секако на сцена стапува Барселона“.

Левандовски смета дека му претстојат уште три години фудбал на највисоко ниво и дека понудата на Баерн воопшто не ги задоволува неговите барања.

Лувствувал дека Баерн не го сака или не го цени доволно и му порачал на својот агент да направи се што може за да се пресели во Барселона.

Би можело да ве интересира

Левандовски подобри рекорд од 1969 година

Левандовски во клубот 100

Предраг Петровиќ

Левандовски се врати во Минхен за да се збогува со соиграчите од Баерн

Гвардиола: Левандовски не беше „срцето“ на Баерн

17-годишник ќе ја наследи „деветката“ на Левандовски

Левандовски не смее да игра за Барселона